Кои се Quattroruote
Кој е QUATTRORUOTE


Реномираната италијанска ревија, која постои веќе 54 години, може да се пофали дека покрај Русија, Кина,  Бразил,  Грција  и  другите земји во која е рисутна со своето  секогаш  објективно  мислење,  од  овој  месец(мај 2010) ја вбројува и Македонија како земја во која партнерски настапува. Во соработка со ревијата Авто Плус, на најдобар начин ќе ги пласира информациите на  македонските  читатели,  исто  онака како што  тоа  го  прави и преку Auto Klub  во Хрватска и SAT Plus во Србија. На својот домашен медиумски  простор,  во  Италија,  секој  месец половина милион  примероци  од Quattroruote го наоѓаат својот пат до читателите.

Quattroruote, заедно со своите сестрински изданија,  Дуеруоте,  Ruoteclassiche,  Tuttotransporti  и другите кои излегуваат во вкупен тираж од 15 милиони примероци, е дело на преку тристотините вработени во издавачката куќа Editoriale Domus, единствената  во  светот  која  располага  со  сопствена тест патека, распослана на површина од 50 хектари, со сета потребна инфраструктура за тестирање на сите видови возила - автомобили, мотоцикли, камиони и автобуси. Тест патеката на Editoriale Domus, која се наоѓа во местото Ваирано, располага и со off-road полигон и сертификат од FIA за тестирање на тимовите од формула 1.

Водејќи се секогаш со идејата на прифатлив  и забавен начин да се пренесат информациите на читателите,  насочувајќи  ги  притоа  како  автомобилите можат да им го направат животот поубав, за Quattroruote слободно можеме да кажеме дека е  најавторитативната  автомобилска ревија  во Европа, вистинска библија за тестови на автомобили. Заради тоа, таа е број 1 од сите машки списанија во Италија, број 2 меѓу месечните и број 3 меѓу  сите  периодични  изданија, без  разлика  на темата што ја обработуваат.

За  почеток  за  вас  избравме  неколку  теми  со провокативна содржина, а во наредните месеци ќе имате целосна можност да се уверите што е тоа  што  секој  месец  привлекува  повеќе  од  4,2 милиони читатели, меѓу  кои и 650 илјади жени. Затоа, не пропуштајте повеќе ниту еден број од вашата омилена ревија, а ние ќе се потрудиме да ви докажеме зошто.












корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети