Завршната манифестација од годинашниов Национален избор за автомобил на годината во Македонија се одржа во клубот Колосеум. Титулата најдобар во Националниот избор за автомобил на годината во Македонија за 2008 ја понесе моделот Golf VI на германскиот Volkswagen. " /> Авто Плус - Свечено доделување на наградата „Автомобил на годината во Македонија“
Кои се Quattroruote
Свечено доделување на наградата „Автомобил на годината во Македонија“
Објавено на: 02.03.2009
Завршната манифестација од годинашниов Национален избор за автомобил на годината во Македонија се одржа во клубот Колосеум. Титулата најдобар во Националниот избор за автомобил на годината во Македонија за 2008 ја понесе моделот Golf VI на германскиот Volkswagen.



Победникот Golf 6 на подиумот во Колосеум

Навистина не беше лесно да се победи во мошне силната конкуренција на финалисти кои годинава се најдоа во самата завршница: Honda Accord, Renault Megane, Hyundai i10, Suzuki Splash и Seat Ibiza.


Претседателот на жирито Зоран Коцев заедно со победниците, Владо Димитровски и Златко Муцунски

Блескавата статуетка во вид на ладилник, која традиционално годинава ја додели по 14 пат, се најде во рацете на првите луѓе на македонскиот импортер Златко Муцунски и Владо. Признанија од жирито за највисоко ниво на безбедност, на францускиот Renault, прими претставникот на Аутомотив Груп, како и за придонес во комуникација со медиумите, претставничката на импортерот на Hyundai во нашата држава Кореа Ауто Трејд. 


Renault доби специјално признание за безбедност

Самата завршница беше во склад со манифестациите кои се прават во ваква чест. Во клубот Колосеум во Скопје беше гламурозно и интересно. Големиот број посетители можеа да се насладуваат на бравурозните потези на акробатите и нотите на бендот со кој беше нераздвоен дел на нашата ѕвезда Тоше Проевски, Клуб Фанки Индивидуалс, а сето тоа под диригентската палка на “маестро”, Жаре Димитријевски. 
Со освојувањето на оваа титула Голф 6 им се придружи на досегашните победници: Fiat Bravo/Brava во 1996, Renault Megane 1997, Opel Astra 1998, Skoda Octavia 1999, Fiat Punto 2000, Seat Leon 2001, Toyota Corolla 2002, Mazda 6 2003, Mazda 3 2004, Seat Altea 2005, Volkswagen Passat 2006, Opel Corsa 2007 и Kia Cee'd 2008 година. 

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети