Националното жири за избор на автомобил на 2009 година во Македонија, по деталните анализи и оценувања на годинешните финалисти, го прогласи Volkswagen Golf за автомобил на 2009 година." /> Авто Плус - Volkswagen Golf VI автомобил на годината 2009
Volkswagen Golf VI автомобил на годината 2009
Објавено на: 06.02.2009
Националното жири за избор на автомобил на 2009 година во Македонија, по деталните анализи и оценувања на годинешните финалисти, го прогласи Volkswagen Golf за автомобил на 2009 година.

pobednik

Освојувајќи четири гласа од членовите на жирито, Volkswagen Golf во однос на критериумите според кои жирито ги оценува возилата беше поуспешен од останатите конкуренти, од кои уште Renault Megane освои два гласа. Жирито годинава одлучи да додели и две специјални признанија :

- за безбедност на Renault  и

- за постигнатите резултати во своите ПР активности на импортерот на Hyundai, Кореа Авто Трејд.

Изборот на автомобилот на годината во Македонија годинава се одржува по 14-ти пат. Жирито во состав: Зоран Коцев, Љупчо Михајловски, Владимир Ристовиќ, Горан Антевски, Агрон Сулејман и Томислав Биљарац, согласно правилата на изборот и критериумите според кои се оценуваат возилата, го избра автомобилот на 2009 година во Македонија меѓу годинешните финалисти: Hyundai i10, Seat Ibiza, Honda Accord, Suzuki Splash, Renault Megane и Volkswagen Golf. Критериумите според кои одлучуваше се: адекватноста и понудата на домашниот пазар, економичноста и еколошката прифатливост, безбедноста и примената на технолошките достигнувања, возните својства, дизајнот и комфорот и опременоста.

 

 

 

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети