Објавено на: 05.02.2008
Шесте финалисти во изборот на "Автомобил на годината за 2008 година во Македонија" го имаат последните тестирања пред изборот на победникот. На традиционалниот ден за дружење со жирито, финалистите и спонзорите, сите кандидати за победник, имаа шанса да ги "испробаат" ривалите.
Жирито својата одлука ќе ја соопшти на 19 февруари, кога на свечена манифестација во Скопје ќе биде прогласен победникот и ќе ја добие наградата "стилизирана маска на ладилник".
Годинава во финалето на изборот се: "ауди А4", "киа сид", "мерцедес Ц класа", "пежо 308", "рено лагуна" и "тојока аурис".
Како критериуми според кои е направен изборот на финалистите и кои најмногу ќе влијаат при одлуката, кој автомобил и ќе победи се: адекватност на домашниот пазар, економиност, безбедност и еколошка прифатливост, возни својства, дизајн, комфор и опременост, примена на технолошки достигнувања
Досегашните носители на ова блескаво признание: "Фиат браво/брава" - 1996, "Рено мегане" - 1997, "Опел астра" - 1998, "Шкода октавија" - 1999, "Фиат пунто" - 2000, "Сеат леон" - 2001, "Тојота корола" - 2002, "Мазда 6" - 2003, "Мазда 3" - 2004, "Сеат алтеа" - 2005, "Фолксваген пасат" - 2006, "Опел корса" - 2007. назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Opel Astra е официјално Автомобил на 2010 година во Македонија
- Opel Astra автомобил на 2010 година во Македонија
- Финалето се ближи кон својот крај
- Гласајте за вашиот фаворит
- Стартуваше големото финале
- Стартуваше изборот на автомобил на 2010 година
- Свечено доделување на наградата „Автомобил на годината во Македонија“
- Volkswagen Golf VI автомобил на годината 2009
- Националниот избор влегува во своето финале
- Познати финалистите за автомобил на годината 2009
















