Објавено на: 09.03.2010

Лидерите на синдикатите од Австрија, Белгија, Германија, Холандија, Шпанија и Велика Британија повикаа на заедничка борба ширум Европа за спречување на плановите за затворање на погоните и намалувањето на персоналот заради тоа што, како што наведоа, целосно е неприфатливо компанијата да објавува масовни отпуштања без било какви претходни консултации и преговори со нив.
Поставувајќи ја својата одбранбена линија, синдикатите од Opel побараа да се отповика планот за затворање на фабриката во Белгија и да се донесе јасна долгорочна стратегија за неа, да не се форсираат вработените на принудно напуштање на работните места и државната помош да не се користи за затворање на фабриките, а менаџментот на Opel/Vauxhal да се обврзе на фер дистрибуција на искористеноста на капацитетите низ Европа, да не вработува нови луѓе таму каде што има отпуштања и да не го зголемува работното време.
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- За безгрижно паркирање
- Мекферсон ослонување од карбонски влакна
- Производителите против правилата на ЕУ
- Поинтелигентни предни светла
- Скок за 50% до 2014 година
- Ferrari ги повлекува сите модели 458 Italia
- Maybach останува во живот !
- Играчите на Баерн со нови Audi возила
- Peugeot 206 CC најпродаван на сите времиња
- На ред Touareg R
















