Кои се Quattroruote
Вистинско почитување на претпоставените
Објавено на: 09.03.2010
Заедно со презентацијата на контроверзниот Cygnet, Aston Martin го искористи годинешниот женевски салон на автомобилите со специјален модел да му оддаде почит на својот прв човек

На Улрих Бец, кој веќе десет години е на чело на Aston Martin, наместо подарок за годишнината неговите вработени му посветија специјална серија на моделот DBS. Доозначени со UB-2010, педантно доработените по 20 примероци од купе и кабриолет верзијата на најпотентниот модел во моментов на британската марка имаат специјално избрана бои, металик бронзена кожа и ексклузивни апликации во внатрешноста. Секој примерок поединечно ќе биде проверен и потпишан лично од Бец пред да биде испорачан на клиентите кои за него ќе треба да платат сé уште необјавена сума во некоја цврста светска валута.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети