Објавено на: 09.03.2010
Магнет за очи и правосмукалка за џебовите на богатите - тоа се моделите од скромното производство на Bufori, сите до еден креирани во викторијански стил од триесеттите години, на кои од годинава ќе им се приклучи и моделот Генева, премиерно покажан токму таму на годинешниот салон на автомобилите.
Направен на шасија од цврст нерѓосувачки челик и со тело од вештачки влакна, изгледот на луксузниот седан е приказна сама за себе која не се опишува со зборови - нив ќе ги употребиме за 6,1 литарскиот V8 од Chrysler со 430 KS и 569 Nm, кои по желба, со помош на компресор, можат да нараснат и до 560 KS и 690 Nm. Изборот на сé и сешто за персонализација на возилото е ограничен само со имагинацијата - освен стандардните електронски помагала кои се среќаваат и во не така луксузните возила, како што се камерата за ноќно возење, head-up дисплејот и слично, чувството на надмоќ за време на возењето во седанот на Bufori ќе биде покомплетно и со сетот за чај сместен во задната централна конзола со бојлерче за врела вода и одвод како кај лавабо, разладуваниот минибар, хумидорот за цигари, сеф, еспресо машината, апаратот за мраз и слично, но и со разни холограми, потписи, беџови, перфорации и везови кои можат да се имплементираат секаде - на кожата на седиштата, на челични плочки, во тапацирот или на каросеријата, која може да биде зајакната за да прими и куршуми.
Компанијата Bufori е основана 1986 година во Австралија, но пред 12 години своето производство го пресели во Малезија.
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Мистериозен концепт на Peugeot за Париз
- Скулпура во движење
- Тајна која тоа не е
- Новиот Aveo со нов стил
- Saab зема залет
- Најевтиниот хибрид тргнува во освојување на Европа
- Само за Русија, или...
- Chevrolet со повеќе новитети во Градот на светлината
- Освежување за Mazda2
- Помалиот MINI пристигнува во 2012 година


















