Кои се Quattroruote
Спортски предлог за електричното утре
Објавено на: 09.03.2010
Светлината на штандот на Opel на годинешниот женевски салон на автомобилите дојде од поинаков агол

Спортистот братучед на Ampera ја имаше централната улога во годинешната женевска претстава на Opel, со која разнишаниот германски производител мораше да нé убеди дека сé е во ред со неговата иднина.

Ако сегашноста не изгледа најсјајно, со насочување на рефлекторите во друг правец сé изгледа поинаку - тоа накратко беше сижето на спомената претстава со кое Opel се натпреваруваше за позитивното внимание на публиката на годинешниот женевски салон. И успеја во тоа - plug-in концептуланиот предлог Flextreme GT/E се покажа како добар кастинг, не само заради мускулестиот спортски изглед, туку и со можностите кои ги нуди. 4,7 метарскиот концепт пет врати и аеродинамично оптимизирани линии налик на купе и задни врати кои се отвораат спротивно располага со коефициент на отпор на воздухот од неверојатно ниски 0,22, постигнати и со помош на парот преклопливи задни спојлери скриени во задните крила кои се активираат над 50 km/h. На тој начин работата на електропогонот од 120 kW и 370 Nm драстично е олеснета, со што функцијата на 1,4 литарскиот бензински мотор кој има за задача да рипне напомош како генератор на струја кога литиум-јонските батерии ќе се испразнат, малку е запоставена - Opel вели дека првите 65 километри тој послушно ќе дреме во предниот дел на возилото пред да биде повикан на работа.

Од поемоционалниот дизајн на Flextreme GT/E може да се заклучи и нивото на неговите перформанси, кои емпириски се изразуваат со помалку од деветте секунди забрзување до 100 km/h и максималните 200 km/h.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети