Кои се Quattroruote
Од концепт до решително спортско возило
Објавено на: 08.03.2010
Со пет конструкторски и шест возачки титули во светскиот шампионат во рели, Citroen влезе во историјата на автомобилскиот спорт

Почитувајќи го постигнатото, француската марка со DS3 Racing има сериозна намера да ја прошири успешната приказна надвор од WRC патеките, попат давајќи и и нов квалитет. Инжинерите од тркачкото одделение на Citroen од стандардниот DS3 за женевската манифестација створија чистокрвно тркачко возило целосно според имиџот на марката. Спортскиот дух на DS3 Racing е концентриран на должина од 3,95 метри. Неговите линии се привлечни, течни и затегнати, оддават сила и моќ и предизвикуваат задоволство да се вози и чувство на безбедност, а дизајнот му е исполнет со чувства и во стил кој инспирира бесстрашност, желба и потреба да се надминат границите.

Концептот ги поседува сите атрибути на 100% тркачки модел, како што се елементите од карбон и специјалната опрема од светот на автомобилските натпревари. Турбо моторот со висок темперамент од 1,6 литри достигнува 200 KS, а подвозјето, спуштено за 15 mm и со тркала раширени за 30 mm, е прецизно доработено со цел да се даде предност на интензитетот на чувства во возењето и да се постигне непрестан дијалог меѓу возачот и патот. Големите тркала од 18 инчи се истакнуваат со уникатниот, истовремено и high-tech и спортски дизајн, а во внатрешноста на DS3, која ја поседува истата ексклузивна обработка како и надворешноста, патниците можат да уживаат во луксузниот, оригинален и расен амбиент.

Citroen ќе го комерцијализира DS3 Racing во ограничено издание од 1.000 парчиња во втората половина на годинава. Ексклузивноста на DS3 Racing е јасно претставена со нумерираната плочка која се наоѓа на плафонот и потписот Citroen Racing кој се наоѓа на наслонот на седиштата.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети