Кои се Quattroruote
Бејби Scirocco од Seat
Објавено на: 08.03.2010
Volkswagen групацијата не престанува да ја шири својата понуда - хоризонтално и вертикално

Од бројните свои новитети за женевскиот салон на автомобилите, Volkswagen групацијата успеја да го зачува најинтересниот настрана од очите на јавноста - пријатното изненадување концептно наречено IBe ги носи ознаките на Seat.

Визуелно и габаритно различен од мускулестиот Scirocco, новиот концепт на Seat со него ја дели истата непокорена душа на модерен спортист со квазикупеовска shooting-break каросерија и адреналин кој извира од сите нејзини пори. Долг само 3,78 метри, IBe е за четврт метар пократок од Ibiza и за двојно повеќе од Scirocco, но затоа е широк 1,8 и висок само 1,22 метри, нешто што сигурно ќе се промени на неговиот пат до сериското производство, ако успее да го изоди. Ниската предница, кратките превиси и долгата линија на кровот се заокружени во целина со масивните 19-инчни тркала, а внатрешноста му остана сокриена од љубопитните, но непоканети погледи - за неа Seat вели само дека е со 2+2 конфигурација.

Шпанците уште убедуваат и дека во неговиот преден дел е монтиран 75-киловатен електромотор со 200 Nm и дека литиум-јонските батерии му се сместени во задниот дел. Кажуваат уште и дека тежи само 1.000 килограми, дека од 0 до 100 km/h забрзува за 9,4 секунди и дека максимално е ограничен на 160 km/h, но додаваат и дека IBe е чисто концептуална студија која има за задача да ги концентрира гените на идната нивна генерација возила.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети