Кои се Quattroruote
Bentley караван?! Зошто да не?
Објавено на: 08.03.2010
Ако никој од производителите на возила не се ниту осмелува да помисли за караванска верзија на некој луксузен модел, тука се малите работилници за го исправат пропустот

Не знаеме колку потенцијални купувачи ќе привлече миланската работилница Carrozzeria Touring Superleggera со караванскиот концепт Flying Star, но дека привлече внимание во Женева е повеќе од сигурно.

Базиран на кабриолетската верзија на Continental GTC, Flying Star е чистокрвен Bentley во секој поглед. Користејќи челик и алуминиум, на кабриолетот му е додаден карго простор од 400 литри, кој со соборување на задните седишта нараснува на 1.200. Но, ако каросеријата на Flying Star од предното стакло наназад е комплетно изменета, моторот не е - тој е истиот од кабриолетот, по избор со 560 или 610 коњски сили. Во внатрешноста, сé е рачно, како што и доликува на возило кое можеби ќе биде произведено во серија од 20 примероци по основна цена од 590.000 евра.

Со овој концепт, малата и слабо позната каросериска работилница покажа голем инженерски талент искористен да се докаже дека автомобилот како форма на уметност е толку далеку од замирањето колку што има луѓе со многу пари кои ќе го наградат ваквиот труд.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети