Кои се Quattroruote
Geely започна со монтажа во Русија
Објавено на: 08.03.2010
Компактниот седан со ознака MK на Geely започна да се монтира во Русија

Во соработка со фирмата Derways, Zhejiang Geely Holding Group Corp., како што е полното име на кинескиот производител, во јужниот руски град Карачајевск започна со монтажа на моделот MK. Компактниот седан кој во Кина се продава под името Kingkong во Русија ќе пристигнува во CKD китови. Детали за капацитетот на производствената линија која е набавена со посредство на увозникот на Geely за Русија, фирмата Red Dragon, која е во сопственост на најголемиот руски дистрибутер на возила Rolf, не се соопштени.

Geely започна со продажба на своите возила во Русија во 2007 година. Лани продаде 7.681 автомобил, двојно повеќе отколку во 2008 година, но и тринаесет пати помалку од плановите за 2012 година, кога Кинезите се надеваат дека нивната продажба ќе достигне 100.000 возила. Во тоа дебело треба да им помогне и цената на MK, која изнесува 269.000 рубљи, односно само 6.500 евра.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети