Објавено на: 07.03.2010
Според угледната аналитичка куќа Jato Dynamics, во конкуренција на големосериските автомобилски произвоидтели во Европа, трет пат по ред Fiat забележа најниска просечна вредност на емисија на CO₂.

Со постигнатите 127,8 g/km, вредност што е за 5,9 g/km помала отколку во 2008 година, зад Fiat останаа Toyota (130,1 g/km), Peugeot (133,6), Renault (137,5), Citroen (137,9), Ford (140,0), Opel/Vauxhall (148,9), Volkswagen (150,4), Audi (160,9) и Mercedes (176,4 g/km CO₂). И во класификацијата по групации, Fiat во 2009 година е на прво место, пред Toyota, PSA, Renault и Hyundai.
Вредниот резултат за секоја пофалба на Fiat е остварен благодарение на долгорочна стратегија која се заснова на две фундаментални оски: збирот на технолошки решенија и насочување на корисниците кон поодговорно користење и еко-компатибилност на автомобилот. Така, новиот двоцилиндричен TwinAir мотор кој дебитираше во Женева има емисија на CO₂ од 95 g/кm, a iновативните решенија на MultiAir технологијата, освен со 10-процентното зголемување за силата на моторот, резултираат и со намалување на емисиите на CO₂ до 25%. Тука се и втората генерација на MultiJet моторите и користењето на метанот како погонско гориво, а примената на алтернативни екотехнолошки решенија, како што е старт&стоп системот, кој Fiat нашироко го воведува во својата Euro 5 гама мотори, знае да заштеди и до 12% гориво во градско возење.
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- За безгрижно паркирање
- Мекферсон ослонување од карбонски влакна
- Производителите против правилата на ЕУ
- Поинтелигентни предни светла
- Скок за 50% до 2014 година
- Ferrari ги повлекува сите модели 458 Italia
- Maybach останува во живот !
- Играчите на Баерн со нови Audi возила
- Peugeot 206 CC најпродаван на сите времиња
- На ред Touareg R
















