Објавено на: 07.03.2010
За прв пат на пошироката публика Bugatti го покажа концепцтот 16C Galibier, предвиден да се претвори во ексклузивен, елегантен и моќен седан со четири врати, најбрз во светот, кој ќе биде произведен во скромни 150 примероци.
Galibier е студија во која компанијата ги има вплотено идните си идеи. Дел од неговата каросерија е изработен од јаглеронодни влакна, а дел од алуминиум, со дизајн на торпедо како кај моделот Type 35, веќе интерпретиран кај Veyron. Необичните LED светла и типичната за Bugatti маска го красат предниот дел на возилото во кој е сместен 8,0 литарски W16 мотор со двоетапно турбо натполнење и 800 коњски сили, кој може да работи и на биоетанол. Погонот му е на сите четири тркала, сопирачките керамички, максималната брзина над 350 km/h, а цената 1,5 милиона евра.
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Мистериозен концепт на Peugeot за Париз
- Скулпура во движење
- Тајна која тоа не е
- Новиот Aveo со нов стил
- Saab зема залет
- Најевтиниот хибрид тргнува во освојување на Европа
- Само за Русија, или...
- Chevrolet со повеќе новитети во Градот на светлината
- Освежување за Mazda2
- Помалиот MINI пристигнува во 2012 година


















