Објавено на: 07.03.2010
Најновата истражувачка студија на Mercedes наречена F 800 Style, освен што покажува како ќе изгледа идниот CLS, донесува на виделина и многу нови технологии кои еден убав ден сигурно ќе осамнат во некој од моделите на штутгартската компанија.
Германците секогаш во Женева доаѓале со концепти кои како да се донесени од некоја друга, идна деценија. Така беше и сега со F 800 Style, кој својата plug-in хибридна технологија може да ја надгради со горивни ќелии, за што веќе пишувавме (кликнете тука за повеќе). Освен ова, суперелегантниот 4,75 метарски концепт најавува и мноштво нови технологии наменети за пошироката серсика гама на Mercedes: Distronic Plus Traffic Jam асистентот, Pre-Safe 360° заштитата, Comand интелигентниот систем со тач-под, Range on Map навигацијата...
За крај, само уште за гласините кои се појавија во Женева дека изгледот од F 800 Style Mercedes за прв пат ќе го имплементира кај ново купе со четири врати кое би било подготвен на основа на C класата, а дури потоа и кај наследникот на сегашниот CLS, кој е направен на платформата на Е класата.
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Мистериозен концепт на Peugeot за Париз
- Скулпура во движење
- Тајна која тоа не е
- Новиот Aveo со нов стил
- Saab зема залет
- Најевтиниот хибрид тргнува во освојување на Европа
- Само за Русија, или...
- Chevrolet со повеќе новитети во Градот на светлината
- Освежување за Mazda2
- Помалиот MINI пристигнува во 2012 година


















