Кои се Quattroruote
Двестекоњска Gordini бура во Женева
Објавено на: 07.03.2010
После Twingo RS, за вториот чекор во обновувањето на името Gordini Renault го избра Clio RS

Фактот дека 200 KS и 215 Nm се извлечени од 2,0 литарски мотор без помош на турбо компресор беше доволна препорака за Clio RS гордо да го понесе името Gordini. На жалост на француските фанови, третманот е главно (да не кажеме само) козметички и се состои од малтешки сина боја со две бели надолжни ленти, црни 17-инчни тркала, мат црни елементи на браниците со бел во стил на F1 вметок напред и бел горен дел на куќиштата на ретровизорите. Духот на Gordini во сличен стил е пренесен и во внатрешноста, но не и под хаубата, иако бројките кои ги наведовме на почетокот на овој пасус се повеќе од доволни Clio RS гордо да го носи името Gordini.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети