Објавено на: 05.03.2010

Еуроимпекс денес е име добро познато и ценето од секого, на македонскиот пазар присутно во повеќе сегменти, како генерален увозник на возилата Peugeot и официјален дистрибутер за маслата Total и на производителите на рачен и машински алат Bacho, Milwaukee, AEG и Sandvik. Но, пред дваесет години тоа беше само мала семејна фирма со тројца вработени. Се разбира, за да се стигне до она што е денес, беше потребно многу работа, уште повеќе волја и трпение, но најмногу чиста визија за иднината. А таа секогаш беше непредвидлива...
Сепак, ни тоа не беше пречка Еуроимпекс чекор по чекор, со стабилен развој и сигурни планови да расте и освојува нови простори и денес, кога го прославува 20 години постоење, да располага со 72 вработени, современ продажно-сервисен центар за возилата Peugeot, мрежа од 13 продажни и 7 сервисни партнери. Еуроимпекс, како единствена компанија од автомобилскиот бизнис во Македонија која од основањето континуирано низ годините е импортер на една иста марка, досега има пласирано преку 14.500 Peugeot возила и во последните неколку години континуирано е присутна на листата на 200-те најдобри компании во Македонија.
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Внимавајте на децата!
- Авто Чајка најдобар дилер во Македонија!
- И Панчо во Opel Astra
- Пристигнуваат IBIZA ST, EXEO ST и ALHAMBRA
- Бурна есен на македонскиот пазар
- Маккар со интересна понуда на моделите на BMW
- Поголеми и поевтини паркинг простори
- Дводневно дружење со Kia Venga
- Толту во соѕвездието на Subaru
- Употребата на дигиталните тахографи насушна потреба
















