Кои се Quattroruote
Врела крв и на брегот на Женевското езеро
Објавено на: 03.03.2010
Citroen ударнички се подготви за годинешното пролетно авто шоу

Свежо размислувајќи, Citroen во последно време сé попријатно нé изненадува - веќе со нетрпение ги очекуваме големите автомобилски салони да видиме што ќе ни донесат.

Овојпат во Женева ни покажаа елегантно спортско купе со низок нос, именувано како Survolt. Долго 3,85, широко 1,87 и високо само 1,2 метри, женевското изненадување на Citroen ги комбинира стилските елементи на GTbyCitroen и ланскиот свеж здив донесен со Revolte студијата. Никакви технички детали не се обелоденети, очигледно зашто нема потреба од тоа, бидејќи можат да кажат сé што ќе посакаат, а ние, заслепени од неговата појава, ќе поверуваме во сé, освен дека овој прекрасен примерок на автомобилска уметност создаден надвор од лимитите кои на дизајнерите им ги поставуваат нивните претспоставени има шанси за сериско производство.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети