Кои се Quattroruote
Yutong Bus го доби тендерот за 202 двокатни автобуси за Скопје
Објавено на: 01.03.2010
Кинезите од Zhengzhou Yutong Group беа единствени со комплетна документација на петтиот по ред тендер за двокатни автобуси

По извршениот преглед на комплетноста и валидноста на доставената документација, како и евалуација на пристигнатите понуди, од страна на комисијата за спроведување на јавната набавка за најповолен понудувач по огласот за набавка на 202 двокатни автобуси наменети за градскиот превоз во Скопје е избрана кинеската компанија Zhengzhou Yutong Group.

Понудата на вториот кинески производител King Long е оценета како неприфатлива затоа што не го задоволи бараниот критериум во делот на дизајнот, со што не освои доволен број бодови за да може воопшто да се разгледува, бидејќи согласно правилата за учество на тендерот, дизајнот на автобусите во најголемиот дел треба да наликува на автобусите за градски сообраќај кои се движеле низ Скопје во педесеттите години.

Yutong Bus, кој веднаш после Mercedes е втор по големина светски производители на автобуси со годишна продукција од триесетина илјади автобуси од сите категории, во својата редовна понуда нема двокатен автобус, иако пред година ипол има произведено серија од 8 вакви возила со ознака ZK6116HGS за градскиот превоз во Гуијанг, главниот град на најсиромашната кинеска провинција Гуиџоу.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети