Објавено на: 01.03.2010
Ако типичното време за купување кабриолет во Велика Британија започнува кон крајот на февруари, тоа значи дека изборот на моделот купувачите го прават некаде на средината на јануари, кога дилерите веќе мора да ги имаат дефинирано своите нарачки кон производителите. А тие лани, потпритиснати од кризата, малку го запоставија овој сегмент, така што за годинава има повеќе најави за нови модели, на кои во ова време сé уште многу работи околу испораката не им се дефинирани.

Така, во исчекување на топлото пролетно сонце и заради недостатокот на свежи пари, Англичаните решија предвреме да се ослободат од своите стари кабриолети за со парите добиени од нив да можат брзо да реагираат на појавувањето на моделот што ги привлекува и веќе во моментите кога Островот беше окован од снегот, бројот на возилата без кров што го бараа својот нов сопственик нагло порасна. Така, цените на скоро новите, малку возени примероци стари до една година драстично опаднаа - Porsche Boxster 2.7 вреди 64% од неговата набавна цена, а Audi A4 Cabriolet 1.8Т S-Line CVT само 56%. Пред три години, овие бројки изнесуваа 78, односно 73%.
Паѓањето на цените на кабриолетите е толку драстично, што веќе по само една година тие се поевтини од нивните купе верзии - во Велика Британија нов Audi TT Rodster чини 2.000 фунти повеќе од купето, додека една година стар е за 250 фунти поевтин. Затоа, ако на време застанете на ред за британска виза, летово ќе може да се правите Англичанец во својот скоро нов кабриолет.
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- За безгрижно паркирање
- Мекферсон ослонување од карбонски влакна
- Производителите против правилата на ЕУ
- Поинтелигентни предни светла
- Скок за 50% до 2014 година
- Ferrari ги повлекува сите модели 458 Italia
- Maybach останува во живот !
- Играчите на Баерн со нови Audi возила
- Peugeot 206 CC најпродаван на сите времиња
- На ред Touareg R
















