Објавено на: 28.02.2010

Иако Македонија не располага со разгранета патна мрежа и имаме значително помал број возила на илјада жители во споредба со поразвиените земји, кои заради нашата економска моќ не ги ниту користиме така често, најчесто заради човечката негрижа како за начинот на возење и почитувањето на прописите, така и за состојбата на возилата со кои се управува, нашиот сообраќај може да го оквалификуваме како опасен - според статистиките, минатата година на нашите патишта лани се имаат случено 4.357 сообраќајни незгоди со 160 жртви и 6.731 повредени.
Во споредба со претходната 2008 година, бројот на сообраќајните незгоди и жртви незначително намален, но е зголемен бројот на повредените, што со оглед на зголемувањето на густината на сообраќајот укажува дека лани сме возеле малку помирно, односно дека се намалуваат последиците од случените сообраќајни незгоди. Но, величината на овие бројќи сепак сé уште е голема за мала држава како Македонија и заради малите нивни флуктации не може да се донесе заклучок за намалување или стагнација на црната статистика, која лани забележа и 2,2 милиони евра материјална штета.
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Внимавајте на децата!
- Авто Чајка најдобар дилер во Македонија!
- И Панчо во Opel Astra
- Пристигнуваат IBIZA ST, EXEO ST и ALHAMBRA
- Бурна есен на македонскиот пазар
- Маккар со интересна понуда на моделите на BMW
- Поголеми и поевтини паркинг простори
- Дводневно дружење со Kia Venga
- Толту во соѕвездието на Subaru
- Употребата на дигиталните тахографи насушна потреба
















