Кои се Quattroruote
Chevrolet се подготвува за прослава на стогодишнината
Објавено на: 26.02.2010
Серијата од пет нови модели ја предводи Aveo RS

Како најава за претстојната нова генерација на Chevrolet-овите мали автомобили, Aveo RS ќе биде главна ѕвезда на салонот на автомобилите во Женева.

Догодина Chevrolet ќе прослави 100 години и по тој повод, на посетителите на салонот ќе им даде увид што може да очекуваат од него во наредните пет години. Оние пак на кои не им се чека толку, треба да знаат дека јубилејната 2011 година Chevrolet ќе претстави пет нови модели. За пошироката публика најинтересен меѓу нив ќе биде сосема новиот семеен комби направен на основа на концептот Orlando, додека легендарниот Camaro во купе и кабриолет варијантите ќе ги привлекува погледите на помладите и за авантура пожелните возачи.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети