Кои се Quattroruote
Промовирана третата генерација на Toyota Prius
Објавено на: 26.02.2010
Најеколошкиот семеен автомобил во светот сега е достапен и во Македонија

Увозникот на јапонската марка за Македонија, Тојота Авто Центар од Скопје, ја претстави третата генерација на хибридниот Prius. Со емисија од само 89 грама CO2 по километар, потрошувачка на само 3,9 литри на 100 километри и каросерија чии делови се изработени од обновлива и рециклирачка пластика, за овој модел на Toyota слободно можеме да кажеме дека е најеколошкиот семеен автомобил во светот.

Со Prius како модел кој пионерски ја воведе хибридната технологија во автомобилизмот, Toyota ја започна ланчаната реакција во автомобилската индустрија и го отвори патот на останатите производители кон ултимативните еко-автомобили. Со новата, трета генерација на Prius, Toyota ја оптимизира хибридната технологија за да понуди уште поголема моќност, помала потрошувачка на гориво и помала емисија на CO2. 90% од хибридните компоненти наново се конструирани и како резултат на тоа емисијата на CO2 кај Приус е намалена за 14%, а потрошувачката на гориво за 9%. Во Македонија, за Toyota Prius не се плаќаат акцизи.

Toyota учествува со 80% во вкупната продажба на хибридни возила во светот и за 12 години откако е лансиран првиот Prius, допринесе во намалување на CO2 за вкупно 9 милиони тони. Од Pruis досега се продадени преку 1,2 милиони примероци, а во следните десет години Toyota планира да лансира уште десет нови хибридни модели.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети