Објавено на: 24.02.2010

Она што највеќе го привлекува вниманието на стручната јавност, при претставувањето на новите или само редизајнираните модели секако дека е прашањето: што е ново?
Во случајот на Mitsubishi L200, кој во оваа форма го познаваме од 2006 година, одговорот би гласел: нови мотори, преработена внатрешност и побогата опрема.
Двеипол литарскиот дизел сега доаѓа во две изведби, помоќната High-Power 2.5Di-D верзија располага со респектабилни 178 КС додека послабата Mid-Power 2.5 Di-D со сеуште моќни 136 КС. И двете изведби сега ги исполнуваат најновите Еуро норми, потрошувачката им е упристоена а работата втишана.
Внатрешноста на L200 сега се изведува налик на домашните СУВ возила додека додавањето на елементи на опрема кои кокетираат со луксузот ќе наидат на одобрување на корисниците кои држат до сопствениот животен стил. Вредно е да се истакне дека должината на товарниот простор е продолжена за цели 18 цм кои секако ќе им бидат добредојдени како на корисниците на кои L200 им служи како средство за работа така и на лубителите на екстремни авантуристички доживувања.

Она што не е сменето во однос на стариот модел исто така вредно е за споменување. Тоа е цврстата масивна решеткаста шасија со независно предно ослонување и крута задна оска со лиснати опруги. Заедно со дотераниот погон на сите четири тркала, кај кого редукторот и механичкото бирање на рапределба на силата исто така се подразбирани составни елементи, претставуваат механичка основа која не признива непремостливи препреки.
Во секој случај кога говориме за Mitsubishi L200 подразбираме доверливо средство за изведување на тешки товарни работи, но исто така и современо, безбедно и добро опремено СУВ возило со кое експлицитно можеме да си го истакнеме сопствениот животен стил и авантуристички дух.
Најчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Внимавајте на децата!
- Авто Чајка најдобар дилер во Македонија!
- И Панчо во Opel Astra
- Пристигнуваат IBIZA ST, EXEO ST и ALHAMBRA
- Бурна есен на македонскиот пазар
- Маккар со интересна понуда на моделите на BMW
- Поголеми и поевтини паркинг простори
- Дводневно дружење со Kia Venga
- Толту во соѕвездието на Subaru
- Употребата на дигиталните тахографи насушна потреба
















