Објавено на: 24.02.2010

Со претставувањето на вториот член на X-генерацијата, четвртиот светски производител Hyundai го прати во пензија популарниот Tucson - европската верзија на неговиот наследник е означена како ix35. На почетокот, Hyundai ќе го нуди ix35 со дволитарски бензински мотор со 163 KS и исто така дволитарски дизел со 184 коњски сили, додека нешто подоцна годинава моторната понуда ќе биде подобрена со новиот 1,7 литарски дизел со 115 KS и со уште понов 1,6 литарски бензински мотор со директно вбризгување и 140 KS. И двата мотора ќе имаат верзии со старт-стоп систем, дизелите ќе бидат опремени со шестстепени мануелни менувачи, а како и досега, ќе може да се добие и верзија со погон само на предните тркала. Европската верзија на овој компактен СУВ ќе се произведува во фабриката на Kia во Жилина, Словачка, а цената на овој модел во Македонија, искалкулирана од увозникот Кореја Авто Трејд од Скопје според досегашните акцизи, ќе се движи од 21.900 евра, па нагоре, што според збогатената количина на сериска опрема, е дури и помала отколку на досегашната генерација, а изборот на дополнителна опрема е збогатен со опции кои досега ги немаше.
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Внимавајте на децата!
- Авто Чајка најдобар дилер во Македонија!
- И Панчо во Opel Astra
- Пристигнуваат IBIZA ST, EXEO ST и ALHAMBRA
- Бурна есен на македонскиот пазар
- Маккар со интересна понуда на моделите на BMW
- Поголеми и поевтини паркинг простори
- Дводневно дружење со Kia Venga
- Толту во соѕвездието на Subaru
- Употребата на дигиталните тахографи насушна потреба
















