Кои се Quattroruote
Старт Охрид – 20 години на македонскиот пазар
Објавено на: 22.02.2010
Првиот овластен дистрибутер за возила во Македонија, кој денес е увозник на Opel и Chevrolet, го прослави својот дваесетти роденден

Точно пред 20 години, во сега веќе далечната 1990 година, во Охрид беше отворен првиот салон за продажба на автомобили, тогаш од марката Nissan. Времето кое донесе бурни промени во сите сфери на нашиот живот наметна Старт од Охрид да се преориентира кој нова марка - Opel, на која нешто подоцна и се придружи и Chevrolet. Поттикнати од девизата дека со многу вложен труд и неверојатна упорност секогаш може да се успее и соочувајќи се со новите предизвици, Старт достигна високо реноме и традиција, поставувајќи нови стандарди за квалитетно работење во приватниот сектор. Следејќи ја својата визија, иако постојано работејќи во турбулентна економска клима, се вложуваше во нова инфраструктура, едукација и професионален кадар и секогаш се гледаше кон позитивната страна и разумно користење на секоја можност.

Дваесет годишниот јубилеј беше синтеза на достигнувањата на успешната компанија и своите искрени соработници, кои сопственикот на Старт од Охрид, господин Глигор Пљакоски, со особена чест и голем респект ги поздрави и им посака пријанта јубилејна вечер, воедно заблагодарувајќи им се за подршката и ветувајќи им дека и понатаму овој наш прв дилер на возила ќе ги прифаќа сите нови предизвици, насочувајќи се секогаш пред сé кон своите клиенти и својот тим со кој успешно продолжува да чекори понатаму.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети