Објавено на: 12.02.2010
Македонската влада синоќа донесе одлука пресметката на акцизите наместо според зафатнината на моторот, во иднина да се врши според вредноста на возилото, и тоа за возилата со фактурна вредност до 3.000 евра нема да се наплаќа акциза, за возила вредни меѓу 3.000 и 4.000 евра акцизата ќе изнесува 0,5 проценти или 20 евра, за тие меѓу 4.000 и 5.000 евра еден процент или 50 евра, меѓу 5.000 и 6.000 евра 1,5 отсто или 90 евра, од 6.000 до 8.500 евра ќе се плаќа 2 проценти акциза или 170 евра, за возилата со цена од 8.500 до 12.000 евра 3 проценти односно 360 евра, од 12.000 до 14.000 евра 4 проценти или 560 евра, од 14.000 до 16.000 акцизата е 6 отсто или 960 евра, од 18.000 до 22.000 евра 11,5 отсто или 2.539 евра, од 22.000 до 25.000 евра 13,5 отсто или 3.375 евра, за возилата со фактурна врендост од 25.000 до 30.000 ќе се плаќа 15,5 отсто акциза или 4.650 евра, а за тие со цена над 30.000 евра, таа ќе изнесува 18 проценти или 6.300 евра.

Според овој начин на пресметка, најмногу ќе се намалат акцизите на поевтините возила со поголем мотор, но за поскапите возила ќе се плаќаат поголеми акцизи - се проценува дека зголемување на акцизите ќе има кај околу 10 проценти од возилата. Истовремено, давачките на половните возила од странство драстично се намалуваат. Според министерот за финансии Зоран Ставрески, новиот модел за пресметка на акцизите нема да предизвика промени на проекциите во буџетот по тој основ, кој годишно се движи межу 8,5 и 10 милиони евра, ниту пак ќе нема посериозни нарушувања на пазарот на нови автомобили. Ставревски изјави и дека пред носењето на одлуката се консултирани и увозниците на возила, кои генерално изнеле позитивни реакции.
Законските измени за намалување на акцизата ќе бидат доставени до собранието следната недела. За нивно стапување на сила ќе треба да се почека усвојувањето од страна на законодавниот дом и објавувањето во Службен весник, за што веројатно требаат дваесетина дена.
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Внимавајте на децата!
- Авто Чајка најдобар дилер во Македонија!
- И Панчо во Opel Astra
- Пристигнуваат IBIZA ST, EXEO ST и ALHAMBRA
- Бурна есен на македонскиот пазар
- Маккар со интересна понуда на моделите на BMW
- Поголеми и поевтини паркинг простори
- Дводневно дружење со Kia Venga
- Толту во соѕвездието на Subaru
- Употребата на дигиталните тахографи насушна потреба
















