Кои се Quattroruote
Kia Sportage подготвен за освојување
Објавено на: 08.02.2010
По новото Sorento, Venga, Kadenza и другите модели, на ред за промоција стигна и потполно новиот СУВ, Sportage од моделската година 2011.




Новата генерација на овој корејски автомобил ќе биде промовиран на саемот во Женева во почетокот на март. Голем дел од деловите, односно платформата и моторите ги дели со својот брат од Hyundai, моделот iX35.



Продажбата треба да почне во втората половина на годинава, и тоа со избор на неколку бензински и дизелски мотори. Тоа подразбира 2,0Л и 2,4Л бензински мотори, додека во Европа понудата ќе биде со 1,6Л и 2,0Л бензински агрегати со 140 КС односно 166 КС, и 1,7Л и 2,)Л дизелски мотори со 115 КС, односно 136 КС и најсилниот со 184 КС. Најмногу внимание привлекува атрактивниот изглед, а за тоа се погрижи Петер Шрејер, бившиот дизајнер во Audi. Сепак предниот дел има многу сличности со новото Sorento, но генерално е одлика на сите модели.



Покрај изгледот и моторите, новиот Sportage е подолг и поширок од досегашниот, па треба да се очекува и поголема пространост во внатрешноста, нормално со зголемена безбедност. Фабричката гаранција останува 7 години во дел од земјите каде се продава, а во најголемиот се нуди и со петгодишна гаранција.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети