Кои се Quattroruote
Renault Megane CC со стаклен покрив
Објавено на: 08.02.2010
Renault продолжува да го шири семејството од третата генерација на моделот Megane па веќе во Женева понудата ќе ја дополни и со CC односно купе-кабрио варијанта со склоплив кров кој се отвора и затвора за 21 секунда, и тоа со голема стаклена површина




Гледано од напред новиот Renault CC е ист како и Megane Coupe, додека задниот дел има поголеми промени. На пазарот ќе биде понуден неколку месеци по премиерата, а засега нема информација која би била неговата цена. Она за што се особено горди и посебно го нагласуваат Французите е стаклениот покрив кој има површина од 0,47 м2, а отворањето и затворањето се врши со помош на хидрауличен механизам и за 21 секунда од купе станува кабриолет.



Возилото кое има четири седишта и две врати, има и фиксирани стаклени дефлектори поставени зад задната клупа, што овозможува слободно возење до 90 км/ч без притоа да има проблеми со струењето на воздухот и бучава.



Должината на купе-кабриолетот е 4485 мм, седишта се регулирани во висина со 70 мм, а во длабочина - со 240 мм. Багажникот, кој е со автоматско отворање, е со 417-литарски волумен во верзија на купе, и 211 литри кога покривот е спуштен.



Внатрешноста е на високо ниво, има стартување на моторот без клуч, автоматска двoзонска клима, биксенонски фарови, аналоген и дигитален екран, аудио систем 3Д соунд со УСБ, навигација и други додатоци.



Megane CC располага со три бензински и три дизелски мотор со моќност од 110 КС до 160 КС. Неговиот  2 литарски бензински мотор со макссимална моќност од 140 КС е со нова ЦВТ трансмисија. Трите дизелски агрегати се со филтери против честички и одговараат на Еуро 5 стандардот.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети