Кои се Quattroruote
The Scorpions го претставија Volkswagen Amarok
Објавено на: 04.02.2010
Германскиот рок бенд настапи на презентацијата на новиот пикап на VW во аргентинското место Сан Карлос де Барилоче

Незапирливите звуци на рок музиката кои ги параа ушите се вплотија во атмосферата на презентацијата на новиот пикап на Volkswagen кој исто така незапирливо до пред две недели ораше по беспаќата на Аргентина и Чиле следејќи ги натпреварувачите од Дакар релиото. Нарекувајќи го Volkswagen Amarok рок&рол на 4 тркала, и водачот на хановерскиот бенд, Рудолф Шенкер, беше дел од годинешното Дакар рели - тој со него помина околу 1.500 километри.

Со овој настан, на кој The Scorpion изјавија дека нивната следна светска турнеја која ќе опфати 80 земји, ќе биде и последна, Volkswagen Amarok беше лансиран во јужноамериканските земји, Русија и Јужна Африка, а во Европа треба да пристигне во текот на летото. Нешто пред тоа, во март, ќе излезе и новиот, 23-ти по ред студиски албум Sting in the Tail на најуспешната германска група на сите времиња, која постои веќе 40 години и која досега има продадено преку сто милиони плочи.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети