Кои се Quattroruote
GM го претстави одговорот на Logan
Објавено на: 04.02.2010
Кина е стартната позиција од која новиот модел на GM ќе тргне во освојување на брзорастечките пазари во развој

Претставен како Chevrolet New Sail, одговорот на GM на Logan е првиот модел целосно развиен од страна на заедничката компанија со Shanghai Auto. За него е наменета целосно нова платформа и 1,2 и 1,4 литарски мотори со 86 и 103 коњски сили, кај кои варијабилното работење на всисните вентили овозможува поголема економичност и подобра еластичност.

Седанот со четири врати ќе помогне General Motors да се справи со сé поголемата побарувачка за евтини возила - со својата цена од 8.400 долари, New Sail директно влегува во срцето во острорастечкиот сегмент на мали возила во кој традиционално доминираат домашните кинески играчи. Неговите странски гени ќе му помогнат во тоа и ќе овозможат полесно да биде пласиран и на останатите пазари во развој. GM потврди дека ќе се извезува, но притоа заборави прецизно да се спомене каде - се знае само дека нема да патува преку Тихиот Океан и дека освен што ги задоволува Euro IV нормите, ги исполнува и останатите стандарди на Европската Унија кои се однесуваат на заштитата на човековата околина, како што се употребата на тешки метали, степенот на рециклабилност и слично.

Лани пазарот во Кина порасна за 67%, а учеството на GM, кој продаде 1,83 милиони возила, од 12,1 на 13,4%.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети