Објавено на: 03.02.2010
Освојувајќи четири гласа од членовите на жирито, Opel Astra во однос на критериумите според кои жирито ги оценува возилата беше поуспешна од останатите конкуренти, од кои уште Chevrolet Cruze и Volkswagen Polo освоја по еден глас. Жирито годинава одлучи да додели и специјално признание за омасовување на хибридната технологија на Honda.
Изборот на автомобилот на годината во Македонија годинава се одржува по 15-ти пат. Жирито во состав: Зоран Коцев, Љупчо Михајловски, Владимир Ристовиќ, Горан Антевски, Агрон Сулејман и Томислав Биљарац, согласно правилата на изборот и критериумите според кои се оценуваат возилата, го избра автомобилот на 2010 година во Македонија меѓу годинешните финалисти: Suzuki Alto, Volkswagen Polo, Opel Astra, Hyundai i20, Chevrolet Cruze, Kia Soul, Honda Insight и Seat Exeo. Критериумите според кои одлучуваше се: адекватноста и понудата на домашниот пазар, економичноста и еколошката прифатливост, безбедноста и примената на технолошките достигнувања, возните својства, дизајнот и комфорот и опременоста.
Досегашни носители на титулата "Автомобил на годината" во Македонија се: Fiat Bravo/Brava (1996), Renault Megane (1997), Opel Astra (1998), Škoda Octavia (1999), Fiat Punto (2000), Seat Leon (2001), Toyota Corolla (2002), Mazda6 (2003), Mazda3 (2004), Seat Altea (2005), Volkswagen Passat (2006), Opel Corsa (2007), Kia Cee'd (2008) и Volkswagen Golf лани.
повеќе информации:
- за изборот
- за Opel Astra
- Opel Astra видео
- Opel Astra висока резолуција
- постер "Автомобил на годината"
Најчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Opel Astra е официјално Автомобил на 2010 година во Македонија
- Opel Astra автомобил на 2010 година во Македонија
- Финалето се ближи кон својот крај
- Гласајте за вашиот фаворит
- Стартуваше големото финале
- Стартуваше изборот на автомобил на 2010 година
- Свечено доделување на наградата „Автомобил на годината во Македонија“
- Volkswagen Golf VI автомобил на годината 2009
- Националниот избор влегува во своето финале
- Познати финалистите за автомобил на годината 2009

















