Објавено на: 02.02.2010
Иако повеќе опции беа во игра, германско-англискиот конзорциум се одлучи за Countryman, име кое недвосмислено асоцира на теренскиот карактер на новиот модел кој ќе се произведува во погоните на Magna Steyr во Австрија, паралелно со BMW X1.
Но, освен погонот на сите 4 тркала, многу други работи го поврзуваат Countryman со бројот 4 - тој е 4-ти модел на новата гама на Mini и првиот 4 врати, има 4 седишта и е долг 4 метри. И дизајнот малку му е четвртасто робусен во споредба со ретроелегантниот хечбек, а големите стаклени површини и повисоката позиција на седење даваат нови квалитети на попространиот ентериер, низ чија цела должина се протега централната конзола. Иако ќе биде претставен на салонот на автомобилите во Женева, на пазарот ќе се појави дури во септември годинава, со избор меѓу пет познати мотори - два дизела и три бензинци со силина меѓу 90 и 184 коњски сили, сите со шестстепени менувачи и старт-стоп систем, но само најмоќните со погон на сите четири тркала. Се очекува неговата цена да започнува од 25.000 евра.
назад кон вестите од оваа категорија


















