Осум катни гаражи ќе им во центарот на Скопје во 2011
Објавено на: 01.02.2010
Објавено на: 01.02.2010
Владата, Градот Скопје, Општина Центар и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор најавија активности за реализација на заеднички проект за изградба на осум катни гаражи во центарот на Скопје, за кои градбата се планира за почетокот на 2011 година.

Со изградбата на осумте катни гаражи ќе се обезбедат околу 3.000 паркинг места, а вкупната инвестиција ќе се движи од 25 до 30 милиони евра.
Од предвидените осум катни гаражи, четири ќе гради ЈПССДП, две Градот Скопје и две Општина Центар. Локациите на кои ќе се градат гаражите во најголем дел се на државно земјиште, кое Владата ќе го додели на општините.
Катните гаражи што ќе ги гради Градот Скопје ќе бидат лоцирани кај Беко и кај Старата железничка станица спроти Аутомакеоднија.
На локацијата кај Беко со 26.000 метри квадратни корисен простор ќе се гради седумкатна гаража со висина од 21 метар, која треба да обезбеди со 800 до 900 паркинг места, а предвиден е и деловен простор. Катната гаража кај Старата железничка станица е со површина од 30.000 метри квадратни на кои се предвидени 1.000 паркинг места. Инвестицијата за двете катни гаражи ќе чини по 7-8 милиони евра, кои Градот Скопје ќе ги обезбеди преку кредити, во соработка со Градски паркинг кој ќе стопанува со катните гаражи.
Тендер за идеен проект од понеделник ќе се распише и за катните гаражи што ќе ги гради ЈПССДП, лоцирани од левата и десната страна на АД Мепсо и ЕЛЕМ, Скопскиот театар и Работничкиот универзитет. На тие локации, би се овозможиле околу 1.300 паркинг места доколку би биле класични гаражи, но ако се примени систем на лифтовско паркирање можеби би добиле плус 500 паркинг места.
Локациите на катните гаражи што ќе ги гради Општина Центар се зад Државниот архив кај МТВ и до зградата на Нова Македонија, а ќе обезбедат по 400 паркинг места. Бројот на паркинг места, како и цената ќе се прецизира по изготвување на изведбениот проект.

назад кон вестите од оваа категорија

Најчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Внимавајте на децата!
- Авто Чајка најдобар дилер во Македонија!
- И Панчо во Opel Astra
- Пристигнуваат IBIZA ST, EXEO ST и ALHAMBRA
- Бурна есен на македонскиот пазар
- Маккар со интересна понуда на моделите на BMW
- Поголеми и поевтини паркинг простори
- Дводневно дружење со Kia Venga
- Толту во соѕвездието на Subaru
- Употребата на дигиталните тахографи насушна потреба