Кои се Quattroruote
Kia подготвува нов хибрид
Објавено на: 01.02.2010
Салонот на автомобили во Чикаго е изборот на Kia за претставување на новиот хибриден концепт

За него сега-засега се знае само дека е дело на американскиот стилски центар на Kia, дека ќе има plug-in можности и дека ќе се вика Ray. Се разбира, оние што имаат рентгенски очи од единствената објавена компјутерски генерирана слика ќе можат да ги видат и останатите детали за спортски обликуваниот седан, а ние, обичните смртници, ќе мора да се стрпиме до 10 февруари. Шансите за негово сериско производство се недефинирани, бидејќи неговата улога ќе биде ограничена на демонстрирање на капацитетите на Kia за развој на новите технологии - не само хибридни, туку и со погон на горивни ќелии, кои веќе се во сериозна фаза на тестирање во Калифорнија и Кореја, каде во рок од една година се очекува да бидат и комерцијално достапни. Наскоро ќе започне и тестирање на бензински и дизел хибриди во Британија, без прецизирање на датумите кога вакви возила би биле достапни и за европските купувачи.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети