Пристигна наследникот на "соренто"
Објавено на: 31.01.2010
Објавено на: 31.01.2010
Со преку 900.000 продадени примероци ширум светот, од кои 180.000 во европа, првата генерација на "киа соренто" стана синоним за доверлив, проверен, квалитетен, со модерен дизајн и пред се ценовно пристапен СУВ.

По неколкуте ситни дизајнерски зафати во изминатите неколку години, дојде време првата генерација на "соренто" да се пензионира, а нејзиното место да ја заземе сосема нов автомобил. Потполно новиот автомобил значи прекинување со класичната поставеност на каросеријата на шасијата, па оваа втора генерација се ларалтеризира со монокок, со што е направена заштеда од 215 килограми. Покрај тоа самото однесување на подлогата е подиректно, односно многу близу до лимузините од Д-сегментот. Самата платформа е истата на која е надграден и "хјундаи санта фе", но, со нешто пократко меѓуоскино растојание во однос на претходникот. На купувачите им се нуди и верзија со три реда, односно со седум седишта. Погонот на сите четири тркала опремен е и со блокада на диференцијалот во однос 50:50, при брзини помали од 30 км/ч. Кон ова на помош е и електрониката за движење на нагорнини - ХАЦ, и надолнини - ДБЦ. Наместо 2,5 литарскиот комон реил, вистинска новина е 2,2 ЦРДи, сега е со моќ од 197 КС при 3800 вртежи во минута, како и 421 Нм при мошне ниски 1800 вртежи. Втора новина е 2,4 литарскиот бензински агрегат со 174 КС. Во текот на 2010 пристигнува и дволитарскиот дизел агрегат за кој тврдат дека е вистински бисер во гамата.

назад кон вестите од оваа категорија

Најчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Внимавајте на децата!
- Авто Чајка најдобар дилер во Македонија!
- И Панчо во Opel Astra
- Пристигнуваат IBIZA ST, EXEO ST и ALHAMBRA
- Бурна есен на македонскиот пазар
- Маккар со интересна понуда на моделите на BMW
- Поголеми и поевтини паркинг простори
- Дводневно дружење со Kia Venga
- Толту во соѕвездието на Subaru
- Употребата на дигиталните тахографи насушна потреба