Објавено на: 28.01.2010

Во нејзиниот релаксиран амбиент, претставниците на импортерите на возилата и македонските автомобилски новинари имаа можност меѓусебно да ги разменат импресиите од возењето на финалистите на изборот на автомобилот на 2010 година во Македонија, традиционално засилени со сé уште актуелниот носител на титулата, Volkswagen Golf. Кој од осумте финалисти ќе го наследи на тронот, ќе се знае откако и шестчленото жири ќе ги сумира своите импресии и според утврдените критериуми ќе го даде својот глас за најдобриот меѓу најдобрите нови модели што се појавија на македонскиот пазар годинава што измина.
Националниот избор на автомобилот на годината се организира по петнаесетти пат. Секој член на жирито во состав: Зоран Коцев (Авто Плус), Горан Антевски (Дневник), Томислав Биљарац (Автопоинт), Љупчо Михајловски (Авто Мото М), Владимир Ристовиќ (Ауто Билд) и Агрон Сулејман (Ауто Плус ТВ), гласа за возилото што во однос на останатите финалисти се истакнува по секој од критериумите, а титулата "Автомобил на годината во Македонија" ја освојува оној финалист кој ќе добие најмногу гласови од членовите на жирито.
Критериуми за оценување на автомобилите кои конкурираат за титулата "Автомобил на годината" во Македонија:
- адекватност и понуда на домашниот пазар
- економичност и еколошка прифатливост
- безбедност и примена на технолошки достигнувања
- возни својства
- дизајн
- комфор и опременост
Најчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Opel Astra е официјално Автомобил на 2010 година во Македонија
- Opel Astra автомобил на 2010 година во Македонија
- Финалето се ближи кон својот крај
- Гласајте за вашиот фаворит
- Стартуваше големото финале
- Стартуваше изборот на автомобил на 2010 година
- Свечено доделување на наградата „Автомобил на годината во Македонија“
- Volkswagen Golf VI автомобил на годината 2009
- Националниот избор влегува во своето финале
- Познати финалистите за автомобил на годината 2009
















