Објавено на: 27.01.2010

Сметајќи го овој чекор како социјален, владата на Република Македонија ќе дозволи анулирање на постоечката регулатива и ќе дозволи увоз на постари возила отколку досега. Со измените на хомологациските норми што треба да ги задоволуваат возилата кои се увезуваат во Македонија кои се во подготовка, во првите шест месеци ќе биде дозволен увоз на возила кои ги исполнуваат Еуро 1, а во наредните шест години Еуро 2 нормите. Според министерот за економија Фатмир Бесими, оваа одлука има социјална, а не како економска позадина и со неа ќе им овозможи на граѓаните на Република Македонија кои поседуваат стари возила да ги заменат со понови. Тој исто изјави и дека не се очекува оваа одлука да влијае на продажбата на нови возила, бидејќи не се работи за иста категорија купувачи.
Давачките, односно акцизите кои се плаќаат при увоз на возила, а кои значително ја оптоваруваат цената на половните возила (акцизата за најинтересната категорија возила со зафатнина на моторот меѓу 1,5 и 2,0 литри изнесува 74.000 денари, плус 18% ДДВ), се под надлежност на министерството за финансии.
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Внимавајте на децата!
- Авто Чајка најдобар дилер во Македонија!
- И Панчо во Opel Astra
- Пристигнуваат IBIZA ST, EXEO ST и ALHAMBRA
- Бурна есен на македонскиот пазар
- Маккар со интересна понуда на моделите на BMW
- Поголеми и поевтини паркинг простори
- Дводневно дружење со Kia Venga
- Толту во соѕвездието на Subaru
- Употребата на дигиталните тахографи насушна потреба
















