Кои се Quattroruote
Дебитираше сериската верзија на Honda CR-Z
Објавено на: 17.01.2010
Хибридното купе CR-Z, за прв пат како сериски производ покажано во Детроит, го детерминира идниот имиџ на Honda

По две години и два концепта, Honda конечно ја покажа финалната верзија на хибридното купе CR-Z. Спортскиот двосед кој во Европа и Јапонија ќе има 2+2 седишта, ги има задржано истите основни линии, но за разлика од концептите има малку скратено меѓуоскино растојание и продолжен преден дел за да се задоволат сé построгите краш тест стандарди. Срцето му е составено од 1,5 литарски i-VTEC четирицилиндричен мотор со интегриран 10-киловатен електромотор, кои комбинирано даваат 124 KS и 174 Nm. Регенерираната енергија ќе се складира во 100-волтните никел-метал-хидрид батерии, а старт-стоп системот ќе го исклучува бензинскиот мотор при стоење. Официјално, податоците за перформансите не се објавени, но неофицијално се дознава дека од 0 до 100 km/h ќе забрзува за 9,7 секунди, што сепак не е во духот на еден наследник на ултимативниот CR-X. Она што е објавено е дека според американските норми, во град ќе троши 7,6, а на отворен пат 6,4 литри на 100 km, а според европските ќе испушта 117 g/km CO2.

Новитет во хибридниот погон е изборот на режим на возење - Normal, Sport и Econ, во зависност од желбите на возачот. Во внатрешноста доминира познатата футуристичка тридимензионална шема, која во зависност од режимот на возење, ќе биде осветлена сино (Normal), црвено (Sport) и зелено/сино (Econ). Во продажба во Јапонија ќе се најде веќе во февруари, а на останатите пазари ќе пристигне летово. CR-Z ќе биде првиот хибрид кој покрај со континуирана безстепена трансмисија ќе може да се добие со шестстепен мануелен менувач.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети