Кои се Quattroruote
Ford го претстави новиот Focus
Објавено на: 12.01.2010
Идниот Focus е поставен на нова глобална платформа на Ford наменета за 10 нови и обновени модели

Малку невообичаено, Ford го претстави новиот Focus прво за американскиот пазар. Кинетичкиот дизајн со новата трапезоидна маска му дава поспортски лик отколку на сегашната генерација, а поквалитетно обработената внатрешност оддава чувство на авионски кокпит. Номинално означен како модел за 2012 година, новиот Focus во хечбек и седан верзија ќе се појави на пазарот на почетокот на идната 2011 година. Во план е и електрична верзија, а неговата платформа ќе биде користена уште за седум други модели за американскиот пазар, вклучително и C-Max, кој ќе биде понуден во САД во верзијата со седум седишта. Се очекува некој модел да ги носи и ознаките на луксузната филијала Lincoln, чиј најмал модел сега е 3,0 литраскиот V6 седан MKZ, долг 4,85 метри. Заради поголемата конкурентнот на новиот модел во однос на квалитетот и економичноста, се очекува да има и поголема цена, но и поголема продажба од 220.000 возила годишно (во САД), за разлика од ланските 160 и поланските 196 илјади примероци.

fokus 2

Новиот Focus е развиен од глобален тим предводен од филијалата во Келн, додека за моторната понуда беше задолжен англискиот технички центар во Дантон. Ќе биде скоро идентичен за сите пазари, со 80% заеднички делови. Во САД ќе биде понуден со 2,0 литарски мотор со директно вбризгување и промелива фаза на работа на вентилите, кој постигнува 155 коњски сили, а за Европјаните се очекуваат да бидат интересни новите турбо мотори со директно вбризгување, зафатнина меѓу 1,0 и 1,6 литри и распон на силина од 89 до 180 KS. Ќе биде освежена и дизелската понуда со обем од 1,6 и 2,0 литри и максимални 128, 168 и 197 коњски сили, а внимание ќе привлекува и новиот PowerShift шестсепен менувач со двојна спојка.

На почеток, новиот Focus ќе се произведува во Германија, САД и Кина, а подоцна и во Шпанија и Русија.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети