Suzuki со концепт за нов компакт
Објавено на: 12.01.2010
Објавено на: 12.01.2010
Ни Suzuki не пропушти на саемот во Њу Делхи да прикаже нов концепт. Тоа е RIII Concept кој го најавува новиот компакт на Suzuki за Индија, кој треба да има три реда седишта.

RIII Concept е направен на продолжена платформа на SX4, моторот ќе биде од Suzuki K серија и со работна зафатнина од 1,2 до 1,4 литри, а 1,3 литарскиот дизелски агрегат треба да биде од Fiat. Некои очекуваат дека со потпишувањето на договорот со Volkswagen понудата на мотори во иднина може да биде збогатена и со некој од семејството на VW. Овој концепт засега е само студија, додека серискиот модел би требало да биде претставен за околу 2 години.

назад кон вестите од оваа категорија