Кои се Quattroruote
Yaris со подновен изглед за годинава
Објавено на: 12.01.2010
Од своето појавување Toyota Yaris во Европа е продаден во повеќе од 2,2 милиони примероци, а овој модел учествува со една четвртина од вкупната годишна продажба на јапонската фабрика на пазарот на стариот континент.




За да остане и натаму доволно привлечен, Toyota направи мало дотерување за возилата што годинава ќе излезат од производните ленти. Тоа второ дотерување за нешто повеќе од година откако кон крајот на 2008 година го имаше последниот ристајлинг.

Yaris од моделската година 2010 доби неколку нови детали, како што се освежена графика на задните светла, нов поклопец на тркалата и поинакви алуминиумски бандажи, потоа матирани сребрени рачки на вратите, и неколку нови бои за каросеријата.



Во однос на безбедноста, Yaris во опремата има меѓу другото, до девет евоздушни перничиња и АБС, а како опција се нуди и ЕСП - електронската контрола на стабилноста, потоа кожа на управувачот и рачката на менувачот.

Во понудата на моторите се 1,0 VVTi и 1,3 Dual VVTi бензински мотори, и 1,4 D-4D дизелскиот агрегат. Моделот со 1,0 VVTi мотор располага со 69 КС и 93 Нм. вртежен момент при 3.600 вртежи во минута, и има потрошувача од околу 5 литри на 100 км. и емисија на ЦО2 од 118 г/км.
Посилниот бензински моторо има 100 КС и 132 НМ., а во комбинација со старт-стоп системот троши 5,1 литар гориво и има емисија на ЦО2 од 119 г/км. Дизелскиот агрегат развива 90 КС и 205 Нм. и потрошувачка од 4,1 литар и емисија на ЦО2 од 109 г/км.



Спортската верзија на Yaris TS со 1,8L бензински мотор и 133 КС останува во понудата само до јули годинава, и тоа само на одредени европски пазари. Производството  на "јарис" е во фабриката во Франција во Валенсиенс, и за годинава е планирано продажба на нешто повеќе од 200.000 примероци.

Интересно е што за 2011 година се најавува Yaris Hybrid. Сепак за разлика од обичниот Yaris кој се произведува во Европа, хибридната верзија ќе доаѓа од Јапонија. Иако уште нема детални информации, Yaris Hybrid во секој случај ќе има помала потрошувачка од Prius а би требало да чини околу 11.000 евра.

назад кон вестите од оваа категорија










корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети