Објавено на: 31.12.2009
Помина долго време откако се стабилизараа давачките за новите автомобили, а со тоа и нивната цена, која и кај нас започна да се формира исклучиво пазарно. Но, сега, на прагот на 2010 година, тоа повторно би можело да стане актуелно. Имено, со обврските кои земјава ги има кон светската трговска организација, од 1 јануари се намалува царината за голем број производи, меѓу кои минимално и за автомобилите, што најверојатно нема да се одрази на нивната цена. Но, целокупното намалување на царините државата ќе ја чини 1,5 милијарди денари, а ваквите минуси, по правило, се надоместуваат од другите давачки, што кај нас најлесно се прави преку зголемување на акцизните приходи.

Токму тоа е предвидено и со буџетот на Република Македонија за 2010 година - приходите по основ на акцизи се планирани на повисоко ниво од 2009 за околу 4,7%. Во образложението на буџетот се вели дека ваквото планирано зголемување на приходите од акцизи се должи на тоа дека од наредната 2010 година надлежноста околу управувањето со акцизите се пренесува од управата за јавни приходи во царинската управа за целата територија на државата, со што се очекува вклучување на македонскиот царинскиот орган во единствениот информативен систем за следење на акцизните добра кој функционира помеѓу земјите членки на ЕУ. Така, во услови на поефикасно оперативно управување со акцизите и зајакнување на фискалната дисциплина во нивната наплатата, се очекува и зголемување на приходите од нив.
Но, бидејќи целата оваа приказна може да се толкува и на други начини (можеби ќе поскапат цигарите, алкохолот или златото, можеби нафтените деривати, а можеби и ништо нема да поскапи, туку ќе се зголеми прометот со овие производи кој годинава бележеше опаѓање), искуството нé учи секогаш најпесимистички да гледаме на работите. Сепак, со желба сосема да грешиме во толкувањето на ваквите информации, ви посакуваме многу весели километри во новата 2010 година!
назад кон вестите од оваа категоријаНајчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Внимавајте на децата!
- Авто Чајка најдобар дилер во Македонија!
- И Панчо во Opel Astra
- Пристигнуваат IBIZA ST, EXEO ST и ALHAMBRA
- Бурна есен на македонскиот пазар
- Маккар со интересна понуда на моделите на BMW
- Поголеми и поевтини паркинг простори
- Дводневно дружење со Kia Venga
- Толту во соѕвездието на Subaru
- Употребата на дигиталните тахографи насушна потреба
















