Renault со уште инвестиции во Русија
Со дополнителна инвестиција од 150 милиони евра, Renault го зголеми капацитетот на фабриката Avtoframos во Москва на 160.000 возила годишно, со што, освен на Logan, ќе се овозможи и производство на Sandero и од крајот на идната година и на Duster. Во оваа фабрика Renault во 2005 година инвестираше 230 милиони евра, а иницијалниот нејзин капацитет од 60.000 возила, во 2007 зголемен на 80.000, му овозможи да стане петта најголема марка во Русија и да освои 5% од пазарот, во што најголема улога имаше Logan, најдобро продаваниот автомобил кој носи ознаки на странска марка. Logan, кој таму се продава под ознаките на Renault, во вкупната ланска продажба на францускиот производител од 72.284 возила, учествуваше со 74,5%.
назад кон вестите
назад кон вестите
Најчитани вести
- Со еден резервоар - 1.689,7 км.!
- Volkswagen Golf Plus "претставен" предвреме
- Бесплатно гориво за руските возачи
- Потврдено појавувањето на Alfa Romeo 149
- Опел прогласен за најдобра европски призводител
- "Мерцедес" ги крати конфузните имиња
- "Алфа МиТо" е автомобил на годината?
- Европа бара единствено означување на гумите
- Тесла го тресе беспарица!
- "ЏМ" без помош може да банкротира











