Кои се Quattroruote
Кинезите сé поподготвени

Beijing Automotive Industry холдингот започна со изградба на фабрика за мотори и менувачи наменети за новата сопствена марка возила која е во креирање. За сериозните намери на државната кинеска компанија најдобро говорат капацитетите на фабриката од 400.000 бензински мотори, 300.000 вариоматик трансмисии и исто толку мануелни менувачи. Инвестицијата од 10 милијарди јуани (1,1 милијарди евра), треба да помогне фабриката да проработи со полн капацитет во 2015 година.

BAIC веќе има набавено дел од технологијата и правата за три платформи, два мотора и две трансмисии од Saab, а планира на салонот во Пекинг кој се одржува во април да го претстави и прототипот на првото сопствено возило, средно голем седан планиран за сериско производство кон средината на идната 2011 година.



назад кон вестите











корисни информации

ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ


температура: --°C
влажност: --%







анкета

Колку километри годишно поминувате со вашиот автомобил?







Погледни резултати и минати анкети